ЕКОНОМСКИ ПАРАМЕТРИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДИНАМИКА НА ВОВЕДУВАЊЕ
(извор: странски и домашни економски анализи)
2019
Справување со дозволи за градење: Република Северна Македонија процесот на издавање на градежни дозволи го направи значително поевтин со намалување на даноците за изградба.
2017
Добивање кредит: Република Северна Македонија го олесна пристапот до кредити преку измени на своите закони за спроведување на функционален систем за обезбедување на трансакции, обезбедување модерни функции на заложниот регистар и им овозможи на инволвираните страни да доделат сигурносни права во една категорија на средства со општи описи .
Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија, ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори со зголемување на правата на акционерите и улогата во големите корпоративни одлуки, воведувајќи поголеми барања за итно откривање на трансакции поврзани инволвирани страни, овозможувајќи поголем пристап до корпоративните информации за време на судењето и појаснување на сопственоста и контролните структури.
Спроведување на договори: Република Северна Македонија направи напори во спроведувањето на договорите со усвојување на измени и дополнувања на Законот за граѓанска постапка, овозможувајќи посредување пред да се поднесе тужба, со што се одложува почетната фаза на судските постапки.
Решавање на стечај: Република Македонија го олеснува решавањето на несолвентноста со менување на процедурите за гласање за плановите за реорганизација и дозволувајќи им на доверителите поголемо учество во процедурите и постапките за несолвентност.
2016
Започнување на бизнис:Во Република Северна Македонија започна со работа поедноставена задолжителна онлајн регистрација на основање фирми извршена од овластени агенти.
Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори преку обезбедување на парични казни и затворање на инволвирани управители во случај на штетно влијание, во предсудска постапка.
Вработување:
1) Република Северна Македонија воведе измени на Законот за работни односи во врска со социјалните придонеси, договори за вработување, независни изведувачи, годишен одмор, прекувремена работа, здравствени инспекции и работни спорови.
2) Република Северна Македонија ја зголеми минималната плата.
2015
Отпочнување на бизнис: Република Северна Македонија го олеснува започнувањето на деловното работење преку бесплатна регистрација на интернет.
Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на малцински инвеститори, барајќи претходен преглед на трансакциите на поврзани субјекти од страна на надворешен ревизор .
Решавање на стечај: Република Северна Македонија ја олеснува постапката за несолвентноста со воспоставување рамка за електронски аукции на имотот на должниците, насочување и заострување на роковите на постапките за несолвентност и процесот на жалби и воспоставување на рамка за вонпроцесни реструктурирања .
2014
Справување со градежни дозволи: Република Северна Македонија го олеснува вадењето на градежни дозволи со намалување на времето потребно за регистрирање на нова зграда и со овластување на општината да ја регистрира зградата во име на сопственикот.
Електрична енергија: Република Северна Македонија го олеснува добивањето електрична енергија со намалување на потребното време за да се добие нова врска и со утврдување на фиксни трошоци за приклучоци по киловат (kW) за приклучоци за кои е потребен капацитет под 400 kW.
Регистрирање на сопственост: Република Северна Македонија ја направи регистрацијата на имот побрза и поефтина со дигитализирање на катастарот на недвижности и отстранување на барањето за Доверливост.
Банкарски систем: Република Северна Македонија го зајакна својот систем на безбедни трансакции со обезбедување поголема флексибилност за описот на средствата на залиха во договорот за обезбедување и за видовите на долгови и обврски кои можат да се обезбедат.
Заштита на малцинските инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на инвеститорите овозможувајќи им на акционерите да побараат ревидирање на не фер активности.
Даноци: Република Северна Македонија го олесна плаќањето на даноците на компаниите, поттикнувајќи ја употребата на електронски поднесоци и платни системи за корпоративниот приход и данокот на додадена вредност .
2013
Започнување на бизнис: Република Северна Македонија го олеснува започнувањето на бизнис со поедноставување на процесот за добивање решение за почеток со работа на компанијата.
2012
Справување со дозволи за градење: Република Северна Македонија ја олеснува постапката за вадење на градежните дозволи префрлајќи го процесот кон приватниот сектор .
Регистрирање на имот: Република Северна Македонија ја олесни процедурата за регистрирањето на имотот со намалување на нотарските надоместоци и спроведување на временските ограничувања.
Добивање кредит: Република Северна Македонија го подобри својот кредитен информативен систем преку воспоставување на приватно кредитно биро.
Решавање на несолвентност: Република Северна Македонија ја зголеми транспарентноста на стечајните постапки преку измени на своите закони за трговски друштва и банкрот.
2010
Започнување на бизнис: Република Северна Македонија го олеснува започнувањето на бизнисот со интегрирање на постапките на еден шалтер (Централен Регистар)
Справување со градежни дозволи: Република Северна Македонија го намали времето потребно за справување со градежни дозволи преку промени во процесот на издавање дозволи.
Регистрирање на имот: Република Северна Македонија го олесни процесот на регистрација на имотот со поставување на нови рокови за регистрирање во Катастарот на недвижности и добивањето на потврда да оди преку Катастар,а не преку судски истанци
Кредит: Јавното кредитно биро на Република Северна Македонија ја подобри својата база на податоци и ја прошири својата покриеност со вклучување повеќе информации и намалување на минималниот праг за пријавени кредити.
Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на инвеститорите преку воведување прописи за одобрување на трансакции помеѓу поврзани странки,зголемување на барањата за обелоденување во годишниот извештај и олеснување на тужбите спрема директори во случаи каде што трансакциите им штетат на компанијата.
Плаќање даноци: Република Северна Македонија го олеснува плаќањето и ги намалува даноците за компаниите со разјаснување на плаќањата за социјално осигурување и намалување на придонесот на работодавачите за социјално осигурување.
Вработување: Република Северна Македонија дозволи користење на договори на определено време за извршување на постојани задачи и намалување на задолжителното платено годишно отсуство. Освен тоа, ги укина обврските за преквалификација или прераспределба во случаите на отпуштање од работа.