Информации за ВИЗИ за странски државјани

На следниот линк можите да проверите дали за Вашата држава се потребни Визи за влез во Република Северна Македонија и броеви на Амбасади и конзуларни претставништва.

Влез во Република Северна Македонија со Шенген виза

Виза за влез во Република Северна Македонија не е потребна за државјаните на:

  1. Земјите-членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор
  • имаат право на влез во Република Северна Македонија и со важечка лична карта.
  1. Трети земји со привремен престој во земја-членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор
  • можат да престојуваат најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Северна Македонија, а вкупното траење на последователните престои не смее да биде подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена.
  1. Трети земји со постојан престој во земја-членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор
  • можат да престојуваат најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Северна Македонија, а вкупното траење на последователните престои не смее да биде подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена.
  1. Трети земји со важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку 5 (пет) дена од планираниот престој во Република Северна Македонија
  2. можат да престојуваат најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Северна Македонија, а вкупното траење на последователните престои не смее да биде подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена.

Влез во Република Македонија со британска, канадска или американска виза

Државјани на трети земји со важечка британска, канадска или американска виза со рок на важност подолг од 5 (пет) дена од планираниот престој во Република Македонија, можат да престојуваат во Република Македонија најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на Република Македонија, а вкупното траење на последователните престои во Република Македонија не може да биде подолго од 3 (три) месеци во текот на секој шестмесечен период, сметајќи од денот на првото влегување.

1. Виза за краткорочен претстој во Република Северна Македонија

Потребни документи за виза за краток престој до 90 дена, (виза Ц), односно транзитна виза (виза Б):

  • важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ
  • документи за (индивидуално или колективно) патничко осигурување (полиса издадена од осигурително правно лице во државата каде што престојува)
  • нотарски заверено гарантно писмо, односно покана од македонско физичко/правно лице
  • доказ дека поседува доволно средства за престојот во РСМ (кредитна картичка/ извод од банка)
  • фотографија (димензии 3,5х 4,5 см) во боја на бела заднина што верно го прикажува ликот на барателот
  • доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на визата
  • уредно и читливо пополнето барање за виза

2. Виза за долгорочен претстој во Република Северна Македонија

За добивање виза за долгорочен престој се поднесуваат потребните документи што содејствуваат на видот на визата, а кои се наведени во документот

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА ДОЛГ ПРЕСТОЈ. (Модул потребни документи: потребни документи за АБЦ виза; постапка за добивање работна дозвола и потребни документи за работна дозвола да бидат како еден документ, потребни документи за подолг престој и барање дозвола за привремен престој заедно)

Регистрација на странци ….ВАЖНО !!!

Сите странски граѓани, независно дали за нивниот влез во Република Северна Македонија е потребна виза или не, имаат обврска да се регистрираат во најблиската полициска станица во рок од 24 часа од влез на територија на Република Северна Македонија.