ЕКОНОМСКИ ПАРАМЕТРИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДИНАМИКА НА ВОВЕДУВАЊЕ

(извор: странски и домашни економски анализи)

2019

Справување со дозволи за градење: Република Северна Македонија процесот на издавање на градежни дозволи го направи значително поевтин со намалување на даноците за изградба.

2017

Добивање кредит: Република Северна Македонија го олесна пристапот до кредити преку измени на своите закони за спроведување на функционален систем за обезбедување на трансакции, обезбедување модерни функции на заложниот регистар и им овозможи на инволвираните страни да доделат сигурносни права во една категорија на средства со општи описи .

Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија, ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори со зголемување на правата на акционерите и улогата во големите корпоративни одлуки, воведувајќи поголеми барања за итно откривање на трансакции поврзани инволвирани страни, овозможувајќи поголем пристап до корпоративните информации за време на судењето и појаснување на сопственоста и контролните структури.

Спроведување на договори: Република Северна Македонија направи напори во спроведувањето на договорите со усвојување на измени и дополнувања на Законот за граѓанска постапка, овозможувајќи посредување пред да се поднесе тужба, со што се одложува почетната фаза на судските постапки.

Решавање на стечај: Република Македонија го олеснува решавањето на несолвентноста со менување на процедурите за гласање за плановите за реорганизација и дозволувајќи им на доверителите поголемо учество во процедурите и постапките за несолвентност.

2016

Започнување на бизнис:Во Република Северна Македонија започна со работа поедноставена задолжителна онлајн регистрација на основање фирми извршена од овластени агенти. 

Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори преку обезбедување на парични казни и затворање на инволвирани управители во случај на штетно влијание, во предсудска постапка.

Вработување: 

1) Република Северна Македонија воведе измени на Законот за работни односи во врска со социјалните придонеси, договори за вработување, независни изведувачи, годишен одмор, прекувремена работа, здравствени инспекции и работни спорови. 

2) Република Северна Македонија ја зголеми минималната плата.

2015

Отпочнување на бизнис: Република Северна Македонија го олеснува започнувањето на деловното работење преку бесплатна регистрација на интернет. 

Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на малцински инвеститори, барајќи претходен преглед на трансакциите на поврзани субјекти од страна на надворешен ревизор . 

Решавање на стечај: Република Северна Македонија ја олеснува постапката за несолвентноста со воспоставување рамка за електронски аукции на имотот на должниците, насочување и заострување на роковите на постапките за несолвентност и процесот на жалби и воспоставување на рамка за вонпроцесни реструктурирања . 

2014

Справување со градежни дозволи: Република Северна Македонија го олеснува вадењето на градежни дозволи со намалување на времето потребно за регистрирање на нова зграда и со овластување на општината да ја регистрира зградата во име на сопственикот. 

Електрична енергија: Република Северна Македонија го олеснува добивањето електрична енергија со намалување на потребното време за да се добие нова врска и со утврдување на фиксни трошоци за приклучоци по киловат (kW) за приклучоци за кои е потребен капацитет под 400 kW. 

Регистрирање на сопственост: Република Северна Македонија ја направи регистрацијата на имот побрза и поефтина со дигитализирање на катастарот на недвижности и отстранување на барањето за Доверливост.

Банкарски систем: Република Северна Македонија го зајакна својот систем на безбедни трансакции со обезбедување поголема флексибилност за описот на средствата на залиха во договорот за обезбедување и за видовите на долгови и обврски кои можат да се обезбедат.

Заштита на малцинските инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на инвеститорите овозможувајќи им на акционерите да побараат ревидирање на не фер активности.

Даноци: Република Северна Македонија го олесна плаќањето на даноците на компаниите, поттикнувајќи ја употребата на електронски поднесоци и платни системи за корпоративниот приход и данокот на додадена вредност .

2013

Започнување на бизнис: Република Северна Македонија го олеснува започнувањето на бизнис со поедноставување на процесот за добивање решение за почеток со работа на компанијата.

2012

Справување со дозволи за градење:  Република Северна Македонија  ја олеснува постапката за вадење на градежните дозволи префрлајќи го процесот кон приватниот сектор .

Регистрирање на имот: Република Северна Македонија ја олесни процедурата за регистрирањето на имотот со намалување на нотарските надоместоци и спроведување на временските ограничувања. 

Добивање кредит: Република Северна Македонија го подобри својот кредитен информативен систем преку воспоставување на приватно кредитно биро. 

Решавање на несолвентност: Република Северна Македонија ја зголеми транспарентноста на стечајните постапки преку измени на своите закони за трговски друштва и банкрот.

2010

Започнување на бизнис: Република Северна Македонија го олеснува започнувањето на бизнисот со интегрирање на постапките на еден шалтер (Централен Регистар) 

Справување со градежни дозволи: Република Северна Македонија го намали времето потребно за справување со градежни дозволи преку промени во процесот на издавање дозволи. 

Регистрирање на имот: Република Северна Македонија го олесни процесот на регистрација на имотот со поставување на нови рокови за регистрирање во Катастарот на недвижности и добивањето на потврда да оди преку Катастар,а не преку судски истанци

Кредит: Јавното кредитно биро на Република Северна Македонија ја подобри својата база на податоци и ја прошири својата покриеност со вклучување повеќе информации и намалување на минималниот праг за пријавени кредити. 

Заштита на малцински инвеститори: Република Северна Македонија ја зајакна заштитата на инвеститорите преку воведување прописи за одобрување на трансакции помеѓу поврзани странки,зголемување на барањата за обелоденување во годишниот извештај и олеснување на тужбите спрема директори во случаи каде што трансакциите им штетат на компанијата. 

Плаќање даноци: Република Северна Македонија го олеснува плаќањето и ги намалува даноците за компаниите со разјаснување на плаќањата за социјално осигурување и намалување на придонесот на работодавачите за социјално осигурување.

Вработување: Република Северна Македонија дозволи користење на договори на определено време за извршување на постојани задачи и намалување на задолжителното платено годишно отсуство. Освен тоа, ги укина обврските за преквалификација или прераспределба во случаите на отпуштање од работа.