Локација : На југ од градот Битола Зоната е лоцирана на 2км од границата со Р.Грција и 11км од градот Битола,на само 12км од центарот на Општината. Индустриската зона е лоцирана на главниот пат М5 и веднаш до железниќката пруга за Р. Грција. GPS координати : 40.946278 N, 21.435903 E Сопственост: 50% – сопственост на приватни инвеститори 50% – Државна сопственост
Во Индустриската зона Жабени се обезбедени електрична енергија, водовод, атмосферска канализација, фекална канализација, телефонија. Пристапот до градежни парцели води преку асфалт или тампонирана површина.
Сите плацови се за продажба и не можат да бидат изнајмени. Почетна цена при наддавање се движи од 61 ден/m2 за лесна индустрија и 900 ден/m2 за комерцијални цели (хотели ,сместувачки капацитети).